понеделник, 30 септември 2024

Двајца охриѓани ќе одговараат за бесправно градење во центарот на градот

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид поднесе обвинение против Н.У. и С.Ш за кривично дело бесправно градење.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27 јули 2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност“, информираа од ОЈО Охрид.

Оттаму нагласуваат дека против првиот обвинет во овој предмет веќе се води друга судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ