сабота, 27 јули 2024

Двајца малолетници од Тетово осомничени за кражба

Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица Благоја Тоска во Тетово лишила од слобода двајца малолетници од Тетово, кои се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило хонда и без регистарски ознаки и дозвола го управувале.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ