петок, 26 јули 2024

Двајца кандидати за градоначалник во Мексико застрелани во рок од неколку часа

Двајца кандидати за градоначалник во Мексико биле убиени од огнено оружје во рок од неколку часа во градот Мараватио, пред националните избори на 2 јуни.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нападот врз политичарите се случил во западната држава Мичоакан, која е еден од најнасилните региони во Мексико, пренесува АФП.

Гинекологот Мигел Анхел Рејес Завала, кандидат на партијата Морена, на чие чело е мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, бил убиен во своето возило пред клиника. Двајца вооружени напаѓачи пукале од непосредна близина, а потоа побегнале со автомобил, според очевидци.

Неколку часа подоцна, Армандо Перез Луна, кој се надевал дека ќе ја претставува опозициската Партија на национална акција (ПАН), бил пронајден мртов во автомобил со куршуми во телото, објави државното обвинителство.

Зголемувањето на крвопролевањето пред изборите стана се почеста појава во Мексико, каде локалните политичари се цел на насилство. Околу 36 кандидати биле убиени на последните национални избори во 2021 година.

Повеќе од 30 луѓе се убиени во насилства поврзани со изборите во Мексико од јуни минатата година. Од тој број, 16 биле политички кандидати, објави истражувачката група Лабораторио електорал.

Убиствата често се случуваат кога допрва треба да започне изборната кампања. Насилството се припишува на зајакнувањето на нарко картелите во Мексико.

Во извештајот на истражувачката тинк-тенк „Интегралија консултантс“ се наведува дека организираниот криминал на локалните избори во 2024 година ќе „експлодира“ како никогаш досега, бидејќи картелите го проширија своето работење и не се бават само со дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ