сабота, 27 јули 2024

Двајца фанови на Брајтон избодени и ограбени во Рим

На денешниот меч од осминафиналето во Лига Европа меѓу Рома и Брајтон, му претходеше голем инцидент во кој се избодени двајца фанови на англискиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

„Скај Спорт Италија“ јавува дека двајца фанови на Брајтон синоќа биле избодени со ножеви на улиците во Рим, а потоа и ограбени.

„Двајца фудбалски навивачи беа нападнати на улица од шест-седум маскирани лица“, изјави портпаролот на полицијата.

На нападнатите навивачи им биле украдени торбите во кои имале пари и лични документи, истрагата на полицијата е во тек.

Навивачите биле пренесени во болница, не се во животна опсаност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ