четврток, 12 декември 2024

Два земјотреса утринава во Косово, почувствувани и во Македонија

Два земјотреса се почувствувани рано изутрината во северозападните и западните делови на Македонија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Епицентарот на првиот земјотрес бил на 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,

Епицентарот на вториот земјотрес бил на 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL3.3, а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентрите на земјотресите биле на територија на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ