сабота, 27 јули 2024

Два воени хеликоптери во Јапонија паднаа во море

Два хеликоптера на јапонската морнарица се урнаа во морето за време на вежби, при што загина најмалку еден од осумте членови на екипажот, изјави денеска министерот за одбрана на земјата Минору Кихара.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Два патролни хеликоптери СХ-60 вршеле вежби синоќа во близина на групата острови Изу, во близина на јужниот брег на централна Јапонија.

Кихара рече дека причината за несреќата е под истрага. Црните кутии од двата хеликоптери се откриени во непосредна близина една до друга и постои голема веројатност двете летала да се судриле, додаде тој.

Јапонските поморски сили за самоодбрана (МСДФ) и крајбрежната стража трагаат по преостанатите седум членови на екипажот.

Началникот на Генералштабот на МСДФ Јошитака Сакаи во саботата истакна дека не верува оти некоја друга земја била вмешана во несреќата.

Амбасадорот на САД во Јапонија Рам Емануел во објава на платформата Икс, понуди помош од својата земја за време на потрагата и спасувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ