Постојат неколку видови леб за кои експертите предупредуваат доколку сакаме да одржиме тенок струк и брз метаболизам, вклучувајќи ги и оние кои би можеле да не измамат со својот изглед.
Белиот леб е озлогласен виновник, а многу лебови со повеќе зрна не се ништо подобри, велат нутриционистите.
Белиот леб е вкусен и неопходен во многу кујни. Меѓутоа, нутриционистот Лиза Ричардс тврди дека е важно да се ограничи внесувањето на овие преработени јаглехидрати доколку се обидуваме да изгубиме тежина.
„Белиот леб содржи рафинирани јаглехидрати и нема влакна или други корисни хранливи материи. Рафинираните јаглехидрати брзо се претвораат во шеќери, предизвикувајќи скок на гликозата“, додава Ричардс.
Сите овие рафинирани компоненти се преполни со калории, но на телото не му треба многу енергија за да ги процесира, што може сериозно да влијае на метаболизмот со текот на времето.
Преработената храна како белиот леб практично нема хранлива вредност и нема да нè држи сити долго време, што веројатно ќе доведе до прејадување подоцна во текот на денот, што секако може да ја загрози нашата цел за слабеење.
Повеќето луѓе веќе знаат дека белиот леб е најлошата опција, но тоа не значи дека сме безбедни ако во корпата го додадеме лебот со повеќе зрна. На полиците на продавниците има многу лебови кои изгледаат како да се направени од цели зрна, но всушност можат да бидат штетни за вашето здравје
„Лебот со повеќе зрна тврдат дека содржи житарки. Меѓутоа, најчесто овие житарки не се од цело зрно. Лебот со повеќе житарки често е полн со преработени верзии на овес, пченица и јачмен“, вели нутриционистот и диететичар Ерин Мекарти.
Како и белиот леб, јадењето на овие преработени житарки може да предизвика скокови на шеќерот во крвта и инсулинот, што може негативно да влијае на вашиот метаболизам на долг рок.
За да бидеме сигурни дека избираме вистински здрав леб, Мекарти советува да избереме леб со ознака „100 отсто интегрално жито“ или „100 отсто интегрален леб“.
„Производите од цело зрно не треба да се етикетираат како збогатени бидејќи интегралните житарки сè уште ги содржат сите нивни хранливи материи. Тие, исто така, природно ќе имаат повеќе влакна“, додаде Мекарти.