четврток, 26 декември 2024

Два случаи во кои дете тепало дете пријавени во полиција

Двајца родители во текот на вчерашниот ден пријавиле физички напади врз малолетници во два посебни случаи во Неготино, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Во 9:50 часот во полициска станица, Б.Д., 36-годишен неготинец, пријавил дека во двор од училиште во Неготино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи во Неготино и се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснуваат од СВР – Велес.

Во 23 часот во полициска станица, Е.Ц., 31-годишна жена од неготинско село, пријавила дека во близина на музејот во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ