сабота, 27 јули 2024

Два милиони заразени во Северна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно се забележани речиси 2 милиони случаи на ковид, а од тие 1,2 милиони луѓе веќе оздравеле. Бројот на починати се зголеми од еден на 63 во земјата со речиси 26 милиони жители.

Експертите велат дека земјата нема доволно капацитет за тестирање на ковид па пријавува случаи на треска. Светската здравствена организација претпоставува дека не се спроведувало вакцинирање во земјата која е речиси изолирана од остатокот на светот.

Пјонгјанг официјално го потврди првиот случај на ковид-19 минатиот четврток.

Во последните две години Пјонгјанг спроведува стратегија на нулта стапка на ковид па границите на земјата беа затворени на почетокот на пандемијата. Сега владата повторно воведе карантин во целата земја, а жителите ги предупредува за опасноста од омикрон сојот, дели совети за лекување и правила за избегнување на заразата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ