вторник, 21 мај 2024

Два малезиски воени хеликоптери се судрија во воздух, 10 лица загинаа (ВИДЕО)

Малезиската морнарица соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и паднале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица во него.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што се одржува во мај, пишува АФП.

„На местото на настанот е потврдена смртта на сите жртви “, соопшти морнарицата, додавајќи дека останките се испратени во болница за идентификација.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале.

Инцидентот се случил во 09:30 часот по локално време во градот Лумут, каде се наоѓа поморската база, јави Би-би-си.

Надлежните наведуваат дека ќе се формира комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ