сабота, 27 јули 2024
Ќе си направеле проблем во соблекувалната

Два клуба од Премиерлигата се исплашиле од платата на Мбапе и го одбиле напаѓачот

Според пишувањата на Индипендент, два клуба од Премиерлигата го одбиле Килијан Мбапе, станува збор за Ливерпул и Арсенал, кои не сакале да ја уништата сопствената структура на плати.

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, нема да стави потпис на нова соработка и се очекува летоска да се пресели во Реал Мадрид.

„Кралевите“ не биле единствената опција, Ливерпул и Арсенал исто така опипале терен за можен трансфер.

Но како што пишува Индипендент, двата клуба го одбиле Французинот и се повлекле од зделката поради неговата огромна плата, ниту Ливерпул, ниту Арсенал не сакал да ја уништат сопствената структура за плати и да направат големо пореметување во соблекувалната.

Килијан Мбапе во ПСЖ има годишна бруто плата од околу 72 милиони евра, како и еден куп милионски бонуси и премии.

Во Реал Мадрид можеби нема да заработува толку многу, но ќе биде далеку најплатен фудбалер на „Бернабеу“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ