„По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптери на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода. Хеликоптерот Ми-171 во 25 налета исфрли преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрли преку 20 тона вода“, информираа од МВР.