По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализирала пожарот, што бил затекнат во рана фаза.
Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода.
Акцијата траеше неполни три часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери, соопштија од МВР.