сабота, 19 октомври 2024

Два хеликоптери на американската војска се урнаа на Алјаска, загинаа тројца пилоти

Објавено на

часот

Сподели

Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на местото Хили, соопшти 11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук.

„Прва помош е на лице место. Инцидентот е под истрага“, соопштија од воената единица, без да соопштат детали за несреќата. Претставниците на американската војска не одговорија веднаш на прашањето на Ројтерс за жртвите.

Минатиот месец девет војници загинаа во пад на два медицински хеликоптери за евакуација Блек Хок за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ