Брајтон одлично го почна мечот, во 20. минута со гол на Адингра поведе со 1-0, но полувремето заврши со предност на Ливерпул. Салах во 40. минута израмни на 1-1, а во судиското продолжение од првиот дел погоди од пенал за комплетен пресврт и водство на црвените од 2-1.
Во 78. минута Данк реализираше за конечни 2-2. До крајот и мечот и двете екипи имаа шанси за победа, но немаше уште еден гол.
Многу слично беше и на мечот меѓу Вест Хем и Њукасл кој исто така заврши 2-2.
Соучек во осмата минута погоди за водство на Вест Хем од 1-0, тоа беше резултатот по првите 45 минути.
Следуваше петминутно шоу на Исак кој во 57. и 62. минута постигна два гола за комплетен пресврт и предност на Њукасл од 2-1.
Гостите ја држеа предноста до 89. минута, а тогаш Кудус го изедначи резултатот на 2-2.
Немаше победник и на дуелот меѓу Вулвс и Астон Вила кој заврши 1-1. Хвонк Хи Чан во 53. минута донесе водство за Вулвс, Торес две минути подоцна погоди за реми.