недела, 20 октомври 2024

Два гола на Роналдо во финале, Португалецот освои трофеј со Ал Наср (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен во 51. минута кога Мајкл по асистенција на Малком донесе водство за Ал Хилал од 1-0.

Ситуацијата за Ал Наср дополнително се влоши во 71. минута кога Ал Амри заработи црвен картон. 

Кога беше најтешко, на сцена стапи Роналдо. Во 74. минута Португалецот погоди за израмнување на 1-1.

Брзо потоа даде уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд. 1-1 беше резултатот во регуларниот дел.

По осум минути игра во продолженијата, Роналдо постигна нов гол за комплетен пресврт и водство на Ал Наср од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат.

Ова е прв трофеј на Кристијано Роналдо со Ал Наср.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ