сабота, 19 октомври 2024

Два гола на Меси за победа на Аргентина во Перу, пораз на Бразил од Уругвај! (ВИДЕО)

Во четвртото коло, Аргентина ја забележа четвртата победа, со два гола на Лео Месу го совлада Перу со 2-0, со истиот резултат Бразил беше поразен од Уругвај.
 

Објавено на

часот

Сподели

Аргентина ја продолжува победничката серија во квалификациите за Светското првенство, Мартинез заврши уште еден меч без примен гол.

Херојот на дуелот со Перу, беше Лео Меси кој постигна два гола во првото полувреме за победа од 2-0. Ќе направеше и хет-трик, ја тресеше мрежата и во вториот дел, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

За разлика од Аргентина, Бразил загуби на гостински терен од Уругвај. Дарвин Нуњез во финишот од првото полувреме погоди за водство на домаќините од 1-0, а напаѓачот на Ливерпул во 77. минута асистираше до Де ла Круз за конечни 2-0.

Венецуела беше најубедлива откако со 3-0 го победи Чиле, Парагвај со 1-0 ја совлада Боливија, а немаше погодоци на мечот меѓу Еквадор и Колумбија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ