петок, 13 декември 2024
МВР

Два дена ќе бидат затворени граничните премини од грчка страна

Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја известува јавноста дека поради штрајк на грчката царина во наредните неколку денови ќе има привремено затворање на граничните премини од грчка страна, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Граничниот премин Меџитлија- Ники од грчка страна ќе биде привремено затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. Граничниот премин Стар Дојран од грчка страна ќе биде затворен од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. На овој граничен премин влез/излез во Р.Грција ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила. Граничниот премин Богородица ќе биде целосно затворен за секаков вид на сообраќај од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ