Во изминативе три години Митрев ја извршуваше функцијата директор на продажба на Кока кола (Coca-Cola HBC) во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција, соопшти компанијата.