недела, 20 октомври 2024
Струга ТЛ утре од 17 часот во Охрид го игра реваншот против Жалгирис во квалификациите за ЛШ

Дуро: Жалгирис е фаворит на хартија, но ние веќе покажавме дека не е така и на теренот

Објавено на

часот

Сподели

Струга одигра 0-0 на гостувањето кај Жалгирис, а тоа роди оптимизам дека може да се помине првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Одигравме добро на првиот меч, можам да кажам дека резултатот е прифатлив иако имавме шанси да направиме и нешто повеќе. Во оваа битка има два меча и фокусот ни е на утрешниот дуел. Сѐ е отворено и покрај добриот резултат кој го имаме од првиот меч“, вели тренерот на Струга, Шпетим Дуро.

Тој вели дека неговите фудбалери се максимално подготвени за утрешниот меч, но нема еуфорија.

„Ние како тим не летаме премногу, скромни сме од сите аспекти и сите гледишта, и челниците на клубот, и ние како стручен штаб и фудбалерите. Свесни сме дека и покрај добриот резултат, сѐ е отворено. Знаеме дека противникот има исклучително искуство во европски мечеви, но знаеме и дека ние имаме фудбалери кои цела недела работат и се подготвени да ги имплементираат идеите. Нашата цел е да извадиме максимум од нашите сили. Нема еуфорија, само сериозност и максимална концентрација“, додава Дуро.

Тренерот на Струга, фаворитската улога им ја доделува на гостите иако потенцира дека на теренот во Литванија не изгледало дека Жалгирис е подобар тим.

„Поради многу аспекти Жалгирис е фаворит над нас. Имаат големо искуство, буџет кој можам да кажам дека е 20 пати поголем од тој на Струга и во минатата сезона ја покажаа силата со пласман во групната фаза од Конференциската лига елиминирајќи тимови како Малме… Но на теренот на првиот меч се виде дека нема голема разлика, се надевам дека така ќе биде и во Охрид. Се надевам дека утре стадионот ќе биде полн и ќе имаме голема поддршка од трибините“, заклучи тренерот на Струга.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ