Министерството за економија и труд, кое од годинава ги презема надлежностите во овој секторот, Дурмиши рече дека е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици кои го носи дигитализацијата и најави дека се работи на создавање законска рамка што ќе ги земе предвиди и физичките и психосоцијалните аспекти на работата во современиот свет.
„Како министер и човек верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена и технолошки развој стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и ментално здравје на работниците“, изјави Дурмиши.
За мерката со есенската кошничка министерот Дурмиши вели дека дала резултати.
„Цените на одредени происводи се намалени од 5 до 10 отсто и мерката со есенската кошничка дала резултати. Имаше производи како лебот , млекото, маслото за јадење… каде цените се намалени многу малку или воопшто не се намалени, но имаше и производи каде цените се намалени повеќе од 10 отсто, како кај месо, зеленчук, млечни производи, кашкавалот и.т.н. Одлуката на Владата дава резултати, а тоа се чувствува по џебот на граѓаните. Со податоци покажуваме дека трошоците за храна и пијалоци. Ако во иднина, откако ќе заврши мерката, ако имаме драстични зголемувања на цените ќе имаме и нови поригорозни мерки. Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари“, вели министерот за економија.
„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки, најави министерот.
Според него, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти,…
„Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните“, истакна Дурмиши.
Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3.000 денари.
По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје организираат настан за одбележување на овој датум и, заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на безбедноста на работните места и заштита на здравјето на работниците.