петок, 20 септември 2024

Дурмиши: Со Законот за забрана на нефер трговски практики дополнително ќе се наммалт цените на производите

На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, што значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2.458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки се во интерес на нашите граѓани, рече денеска на прес конференција, министерот за економија, Бесар Дурмиши, одговорајќи на новинарско прашање, откако ја објави есенската кошница со производите опфатени со валдината одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека по завршувањето на одлуката на Владата за ограничување на профитната маржа на дел од прехранбените производи на 10 проценти, евентуалното повторно енормно поскапување на производите опфатени со одлуката, ќе се спречи со Законот за забрана на нефер трговски практики.

Во иднина, посочи тој, ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди.

„Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот  кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го  доставиме  до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог  и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите  и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и  економијата, ќе ги смениме“, рече Дурмиши.

Во таканаречената есенска потрошувачка кошница се ставени 73 прехранбени поризводи. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила по објавувањето во „Службен весник, а ќе се применува до 31 октомври годинава.

Како што соопшти Дурмиши на прес-конференција, ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ