сабота, 27 јули 2024

Дуран со два гола за три минути му ја зема победата на Ливерпул! (ВИДЕО)

Астон Вила и Ливерпул одиграа исклучително возбудлив натпревар кој заврши нерешено 3-3 иако црвените до 85. минута имаа водство од два гола разлика.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна шокантно за домашниот тим, по само неколку секунди игра голманот Емилијано Мартинез си постигна автогол за водство на Ливерпул од 1-0.

Десет минути подоцна Тилеманс изедначи на 1-1, а Гакпо во 23. минута го врати водството за гостите.

По три минути игра во вториот дел Квансах постигна гол и ја зголеми предноста на Ливерпул од 3-1.

Следуваа два поништени гола со помош на ВАР поради офсајд, првиот беше за Астон Вила, а вториот за Ливерпул.

Во 79. минута Дуран влезе на местото од Заниоло и тоа се покажа како клучен момент.

Дуран во 85. минута намали на 2-3, а само три минути подоцна даде уште еден гол за конечни 3-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ