сабота, 1 март 2025

Дуплантис по 11. пат постави светски рекорд (ВИДЕО)

Фантастичниот шведски атлетичар, Арманд Дуплантис постави нов рекорд во скок со стап, тоа го направи по 11. пат во кариерата.

Објавено на

часот

Сподели

Овојпат рекордот го постави на атлетискиот митинг во Клермон-Феран (Франција) каде прескокна 6,27 метри.

Шведскиот атлетичар првпат го собори рекордот во 2020 година во Торуњ кога прескокна 6,17 метри, оттогаш редовно ги поместува границите.

Се верува дека тој има капацитет и за многу повеќе, но тактички ја зголемува висината за по еден сантиметар бидејќи секој светски рекорд му носи награда од 100.000 долари. Тоа значи дека досега инкасирал 1.100.000 долари само од соборување на светските рекорди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ