четврток, 13 јуни 2024

ДУП-от за Лисиче донесен, ќе се гради една висококатница, за денеска е најавен протест

Советот на Општина Аеродром го изгласа Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, кој предвидува изградба на нова висококатница во оваа населба. ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 е усвоен со 16 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување. За денеска група граѓани најавија протест пред Општина Аеродром за, како што се вели во повикот, „шверцски изгласаниот ДУП за градска четврт ЈИ09 09.01 за нас. Лисиче“.

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на Лисиче до Општина Аеродром на јавната анкета доставиле околу 230 анкетни листови против изградба на висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.

Со новиот ДУП наместо девет згради се предвидува една 12-катница. Парцелата на булеварот Србија која е сопственост на фирмата „Голден арт“.

Планот добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски од досегашниот министер Благој Бочварски од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ