четврток, 9 јануари 2025

ДУИ жали што „огнената група“ самата се отстранила од партијата, наскоро ќе има избори во ограноците

Објавено на

часот

Сподели

Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоповлекување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот одбор на 1 април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.

Во соопштението се наведува дека Централното претседателство ја официјализира одлуката за претсоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули. 

„Овие избори во ограноците на ДУИ кои ќе се одржат по принципот ‘еден член еден глас’ ќе служи како платформа за колективно одлучување и ќе ги зајакне демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на патувањето до сега“, се вели во соопштението.

Неформалниот лидер на „огнените“ Изет Меџити завчера во интервју за Лајм изјави дека станува збор за таен состанок на ДУИ на кој била донесена одлука за нивно отстранување од партијата.

Меџити денеска во објава на Фејсбук појаснува дека на состанок на Централното претседателство на партијата далеку од медиумите, не биле поканети тој, Блерим Беџети, Невзат Бејта, Муса Џафери, Саранда Имери и Висар Ганиу,

м

                                                                                                                                  Фото: Лајм

„На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со ‘огнената група’, дали ќе не избркаат, претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино – лобито предводено од г. Груби, кој за жал, изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да не избркаат, и добро е што не е време на монизмот па да можат и да не стрелаат“, вели Меџити.

А дека најавените избори се всушност распишани за „огнените“ и дефинитивно да бидат отстранети подалеку од структурите на партијата, потврдува Меџити.

„Сите кадри кои поддржуваа различно мислење и се дел од фракцијата беа разрешени и политички диференцирани како во 80-те во комунистички стил, додека во јавноста се обидуваат да го релативизираат тоа, бидејќи овие позиции припаднаа на Алијансата за Албанците, но граѓаните ги читаат овие ситуации“, рече Меџити.

Тоа што сепак, познавачите на состојбите во албанскиот политички блок ги изненадува е што од шесте имиња кои ги споменува Меџити, како што дознаваат од партиски извори, само Муса Џафери не е меѓу исклучените од ДУИ. Џафери инаку во минатото беше вицепремиер и важеше за мошне близок со лидерот Али Ахмети. 

Но, од групата на „огнената фракција“ велат дека немаат официјално известување од партијата кој е исклучен и со какво образложение, а реакција има токму Џафери. 

„Со статутот на партијата не е предвидено ‘самоповлекување’. Мизерно!“, изјавил Муса Џафери како што пренесува ТВ21.

А од тоа што може да се разбере од ДУИ, (иако никој од партискиот врв не дава изјава, а портпаролот Бујар Османи ги одмолчува повиците и пораките до него за изјава), е дека со самото тоа што статутот на партијата не дозволува постоење на фракција, се подразбира дека тие што инсистираат дека се фракционери, се (само) исклучуваат од партиските редови.

                                                                                                                                                   П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ