петок, 26 јули 2024

ДУИ: За Мицкоски и дериватите Албанците се само аргати, а државата е на Македонците

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, реагира ДУИ кон последните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека ‘лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе’. Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека Северна Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати“, наведуваат од ДУИ.

Во реакцијата се вели дека Европскиот фронт предводен од ДУИ му става до знаење на Мицкоски и на неговите деривати дека Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност.

„Така ќе биде и по 24 април и по 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија. Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на Северна Македонија“, наведе ДУИ во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ