сабота, 27 јули 2024

ДУИ во паника дека ќе ја изгуби власта, се повикува на Мајскиот договор

На раководството на ДУИ веќе им станува јасно дека коалицирањето со победничката партија во, условно кажано македонскиот блок овојпат нема да им појде од рака. Можеби тие и ќе бидат победници во, условно кажано албанскиот блок, но принципот победник со победник веќе не важи. Токму ДУИ беше првата партија која тоа непишано правило го прекрши.

Објавено на

часот

Сподели

Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи од ДУИ на партиските собири отворено се закани дека идна влада без ДУИ нема да има и оти принципот победник со победник мора да се применува. Ако ДУИ не влезе во Владата, нема да се почитува волјата на гласачите Албанци, рече Османи.

Според последните настапи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата на албанската опозиција Вреди станува сѐ поизвесно дека овие два политички субјекти ќе бидат дел од новата владина коалиција.

ДУИ и Османи се повикуваат на тој т.н. Мајски договор од 2008 година дека во Македонија мора победникот во македонскиот блок да коалицира со победникот во албанскиот блок.

Во 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ коалицираше со ДПА од албанскиот блок и покрај поголемиот број на пратеници од ДУИ, Али Ахмети некако успеа да дојде до тој Мајски договор и се формираше таа нова коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Така беше сѐ до 2017 година. На изборите 2016 година ВМРО-ДПМНЕ беше победникот во македонскиот блок (51 пратеник, а СДСМ освои 49). Тогаш ДУИ беше победникот во албанскиот блок, но токму Ахмети и Османи решија да коалицираат со СДСМ, а не со победникот ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 година, на 29 јануари токму Османи изјави дека ДУИ не донела одлука за коалiција со ВМРО-ДПМНЕ иако таа партија победила на изборите. Ја донесовме најдобрата одлука за сите граѓани на Република Македонија“, рече тогаш Османи.

Зошто денес Османи мисли дека повторно го има правото да носи одлука во име на сите граѓани на Македонија, кога граѓаните со својот глас на претседателските избори кажаа нешто сосема друго.

А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ