„Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година. ВМРО е против албанскиот јазик и против Охридскиот рамковен договор.
Блокирањето на интеграцијата во ЕУ и пријателството со САД од страна на ВМРО има за цел зацврствување на руското присуство во земјата и регионот.
Демонстрацијата на една едиствена слика на Мицкоски во маскирна униформа со празен калашников и опколен со жени и деца на испраќање, како и повиците на војна во Собранието од страна на Николоски, имаат за цел дестабилизација на земјата и испраќање на порака кон Албанците дека тие се второстепени граѓани во државата.
ВМРО, во трка со про руската Левица, блокира закони во Собранието, ја блокира државата и демонострира како изгледаше заробената држава како потсетник за граѓаните кои што можеби заборавиле“, се вели во реакцијата на ДУИ.