сабота, 27 јули 2024

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ се однесува како владата да е играчка во нивни раце

„За скандалозната квалификација ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова’, на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни раце ниту во чии било раце и дека кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин, и чин против Охридскиот договор“, се вели во реакцијата на ДУИ на вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое претставуваше реакција на прес-конференцијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Објавено на

часот

Сподели

„Демократската унија за интеграција е скандализирана од навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ со кој се потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и на другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт го потврди како втора политичка сила во државата. Седум годишниот антиалбански наратив наметнат од ВМРО ДПМНЕ создаде искривена, неточна и опасна слика за нашата држава“, реагира ДУИ.

Во реакцијата се нагласува дека ДУИ останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и на другите етнички заедници, бидејќи „тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата“.

„Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, се вели во сооппштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ