„Десетици судски случаи уште се активни против нивни истакнати функционери кои не успејаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција. Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува.
ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национлаизам и подгревање тензии.
Му порачуваме на Мицковски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига. ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности“, се вели во партиската реакција од Мала Речица.