сабота, 19 октомври 2024

ДУИ: Владата нетранспарентно за 50 проценти ја качи струјата за помалите претпријатија

ДУИ соопштува дека во името на бројни претпријатија ги пренесува поплаките дека Владата „со моноетнички легитимитет“, на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50% и тоа, од 8,78 ден/КВч до 13,37 ден/КВч или за повеќе од 50 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа акција директно влијае на буџетот на граѓаните со зголемување на цената на производите и услугите како и оштетување на ликвидноста на компаниите.

Со незголемувањето на минималната плата, на платите во јавниот сектор, ваквата акција ќе влијае на влошување на животниот стандард на нашите граѓани.

Апелираме што поскоро да се преземат мерки за намалување на цената на струјата како и на цените на прехранбените производи во интерес на граѓаните и микро, малите и средните компании кои сочинуваат 98% од активните компании во државата“, се вели во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ