сабота, 27 јули 2024

ДУИ тврди дека со опозициската коалиција Вреди потпишале предизборна Декларација

Европскиот фронт предводен од ДУИ денеска ја објави, како што тврдат оттаму, заедничката политичка декларација, која заедно со лидерите на албанската опозициска коалиција Вреди ја потпишале на 13 јануари годинава, дека ќе соработуваат само со политичките партии согласни за спроведување на уставните измени.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, посочи дека покрај него потписници на декларацијата се Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити.

„Имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ“, пишува во дел од документот.

Без да прецизира, Ахмети вели декларацијата е потпишана по направени консултации, посочувајќи дека Европскиот фронт ќе биде столб за мирот и стабилноста на земјава, бидејќи како што рече, местото на Македонија е во Европската унија.

„На 13 јануари заедно со господинот Таравари го потпишав овој договор. Ние сме многу рационални и сме убедени дека повеќе од било кога треба стабилност, мир, добри односи меѓу заедниците, потребни се нула проблеми со соседите и целосно членство во Европската унија. Емоциите да ги оставиме зад себе, сите да правиме напори да направиме цврсти структури на државата со овие капацитети. Европскиот фронт е подготвен да биде носител на процесите за нашата земја да се зачлени таму каде што ѝ е местото“, рече Ахмети.

Во декларацијата меѓудругото пишува дека предложените уставни измени имаат создадена ситуација која бара внимателно разгледување, отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање на трајно и сеопфатно решение.

„Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија“, пишува во договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ