сабота, 27 јули 2024

ДУИ тврди дека опозицијата прави притисок врз Упрвниот суд

Европскиот фронт предводен од ДУИ со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд, пишува во реакцијата на оваа коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот фронт ги регистрираше овие закани и ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавни изјавите со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија. како и со партиски притисоци до управниот суд“, пишува во реакцијата на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Според нив се прави обид за изборен инженеринг кој има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.

„Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните. Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор“, пишува во реакцијата на оваа коалиција.

Оттаму ги повикуваат сите институции да постапат согласно Законот, „без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ