недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024

ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место, пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари. Прослава има и пред штабот на ДУИ во Мала Речица.

Објавено на

часот

Сподели

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување затоа што приврзаниците на ДУИ се на неколку метри пред штабот на коалицијата Вреди.

Пред штабот во Мала Речица членовите и симпатизерите на ДУИ слават со зурли и тапани. Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, е во водство пред кандидатот на албанската опозиција, Арбен Таравари.

„Славиме победа на Европскиот фронт. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај, на претседателските и парламентарните избори. Ќе славиме ослободување на Чаир, на Тетово, на Гостивар, на Желино и на сите други окупирани општини со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Додик, Путин и Вучиќ. Денеска е ден на ослободување како што ќе биде и 8 мај, ден пред Денот на Европа“, рече вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби на славењето на плоштадот Скендербег.

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а Изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен во трговскиот центар Мавровка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ