сабота, 27 јули 2024

ДУИ се пофали за голем одзив во Гостивар каде се собираат потписи за Бујар Османи

Демократската унија за интеграција денеска се пофали со голем одзив на членови и симпатизери и на граѓани  во Гостивар кои излегоа да го дадат својот потпис за кандидатурата на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи за претседател на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата споделуваат фотографии од големиот број граѓани кои се собрани пред Општинската изборна комисија и чекаат ред за да влезат и да го дадат својот потпис.

Не случајно се избрани фотографии од Гостивар, каде градоначалник е Арбен Таравари кој исто така најави дека ќе ја трча претседателската трка.

Портаролот и пратеник на ДУИ, Арбер Адеми денеска на прес-конференција одржана пред претседателската вила во Скопје рече дека денеска партијата започнува со активностите за собирање на потребните потписи за кандидатурата на Бујар Османи.

Тој притоа за кандидатот за претседател на државата од опозициската коалиција Вреди, Арбен Таравари, се изрази со зборовите: „Разрешениот претседател на Алијанса за Албанците“.

ДУИ соопшти дека од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис за поддршка на кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи.

„Како што го исполнивме ветувањето за првиот премиер Албанец и сите ветувања за нашата национална и државна факторизација во последните две децении, така и каузата за првиот претседател Албанец ќе ја направиме реалност со тоа што прво ќе го трасираме патот за сигурно остварување на оваа визија. Кандидатурата на Бујар Османи не е само формален изборен чин, туку е нова голема мисија, битка за рушење на следното табу преку избор на претседател во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентерово мнозинство. Оваа мисија, како и сите други, ќе ја водиме заедно и несомнено дека ќе ја оствариме нашата праведна цел“, се вели во соопштението.

Инаку, за учество на претседателските избори кандидатот е потребно да собере 10.000 потиси од граѓани или да обезбеди поддршка од 30 пратеници, кога пратениците се јавуваат во улога на подносители на листата за кандидатот.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ