вторник, 7 јануари 2025

ДУИ: Одлуката на Сиљановска е напад на албанскиот јазик

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува скандалозната одлука на претседателката Гордана Силјановска-Давкова за ставање вето на двојазичноста.
Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија, реагираат од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на Вреди, Африм Гаши, јавно настапи со изјава со цел да го подготви јавното мислење против албанскиот јазик и да создаде алиби за овој чекор, а веднаш потоа, разгорениот антиалбански национализам се активираше за да негира и напаѓа сè што е албанско.
Ова е агресија против Албанците, во која Вреди свесно ја презема улогата на соработник.

Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на Вреди, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.

Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување! Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја!

Им упатуваме повик на сите Албанци, сите граѓани кои веруваат во соживотот, граѓанското општество и сите демократски сили во земјата да се мобилизираат и да не дозволат оваа срамна стратегија да се реализира. ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило.

Претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани! Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова не го поптиша Указот за Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ