вторник, 22 октомври 2024

ДУИ обвинува дека министерот Стоилковиќ скратил од парите за одбележување на Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека е навредлив фактот што министерот за политички систем и односи со заедниците Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, но тој самиот „ниту го признава ниту го почитува“.

Објавено на

часот

Сподели

„Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачите вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ. Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста“, велат во партиското соопштение од ДУИ.

Затоа, велат оттаму, го ангажирале авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт на платформата е веќе поднесена до органите и телата на Европскиот фронт, а потоа ќе биде и јавно споделена со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.

Од ДУИ информира дека по повод 23 годишнината од Охридскиот рамковен договор, Европскиот фронт ја организира Академијата за легитимитет што ќе се одржи утре напладне во хотелот Александар Палас во Скопје.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека во ДУИ отсекогаш имале тенденција да приватизираат значајни настани и дека тие уште не можат да прифатат дека се опозиција. Тој оцени дека тоа ќе биде приватна журка на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ