сабота, 27 јули 2024

ДУИ незадоволен од амбициите на коалициските партнери за пратеничките листи

Зијадин Села и неговото крило во Алијанса за Албанците пред потенцијалниот коалициски партнер ДУИ настапил со барање од 3 до 5 места на пратеничката листа за избирачката единица 6. Ова му предизвикува сериозни проблеми на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, внатре во партијата, јави ТВ 21.

Објавено на

часот

Сподели

Извори за телевизијата велат дека се обидуваат да го убедат партиското раководство дека е подобро да одат сами на избори, отколку да им дадат многу пратеници на коалициските партнери кои, доколку настапат сами на избори не можат да добијат повеќе од 1 или 2 пратеника.

Села во шестката барал 2 победнички позиции и тоа за Илире Даути и Илир Демири. Едно добитно место барал и Мендух Тачи за ДПА и Арјанит Хоџа за Европската демократска партија.

Села ја барал и втората позиција во ИЕ2, конкретно за Елми Азири. Внатрепартиска „војна“ во ДУИ има и за носителите на листи, иако како што изгледа Арбр Адеми има пореална веројатност да биде носител на листа во ИЕ2, позиција за која во игра е и Илир Хасани , но со минимална веројатност. Во случај ДУИ да оди со заеднички листи со коалицијата, тогаш во игра ќе биде и Басри Бајрами од ЕДП, кој ќе биде 4-иот или 5-иот на листата.

Во ДУИ продолжуваат притисоците кон претседателот Али Ахмети на избори да настапат сами и да не прават пазар со другите политички партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ