вторник, 22 октомври 2024

ДУИ најавува отворени седници на претседателството со граѓани

Во наредниот период ќе се одржуваат отворени седници на претседателството на ДУИ по партиските ограноци. За протести не било дискутирано иако и тоа е дел од агендата, информираше вчера портпаролот Арбр Адеми по завршувањето на седницата на централното претседателство на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ со голема сериозност и загриженост ги следи сите политички случувања во земјата и во регионот, почнувајќи од оддалечувањето на нашата земја од Европската Унија и разделување на Албанија од пакетот со Македонија, наспроти ЕУ и затоа оценуваме дека тоа лошо влијае врз меѓуетничките односи во земјава. Централното претседателство изразува загриженост и за меѓуетничките односи, кои нели се напаѓаат од политиките на оваа моноетничка влада, без легитимитетот на сите етнички заедници. Исто така апелираме и до меѓународниот фактор, кои се потписници на Охридскиот мировен на договор особено до САД и ЕУ за ангажирање, продолжување на нивниот ангажман за почитување на Охридскиот мировен на договор“, рече Адеми.

Во среда планирана е првата таква отворена седница во Липково, а потоа и Сарај. На овие средби ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ.

„Ќе им објасниме на граѓаните за сите политички случувања во земјата и во регионот, за сите овие неуспеси со кои ние се оддалечуваме од Европската Унија. На крај секако, тоа што ќе биде, нивна волја ќе биде преточено во наши конкретни политички активности и генерално во конкретна наша политика“, рече Адеми.

На новинарско прашање дали најавената поддршка за уставни измени значи и прифаќање на идејата да се смени Уставот, но со одложено дејство, Адеми рече дека тоа претставува оддалечување од стратешките цели.

„Секој обид на оддалечување, реформулирање на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка е обид против нашата стратешка цел“, рече Адеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ