сабота, 21 декември 2024

ДУИ: На Пендаровски не му пречеше да пропаднат предметите на СЈО, му пречи коцкарниците да се оддалечат од децата

Стево Пендаровски нека ги каже вистинските мотиви за непотпишувањето на Законот за игри на среќа и кој го поттикна да оди против волјата на граѓаните и пратениците, бара ДУИ преку партиска реакција и наведува дека приказната за реакцијата на Европската Унија за европското знаме е петкратен стандард на Пендаровски. Тој го потпиша спорниот Кривичен законик со европско знаме и покрај масовните оспорувања на земјите членки на Европската Унија, закон кој ги пропадна речиси сите случаи на Специјалното јавно обвинителство, нагласува ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Пендаровски знаеше дека опозицијата го блокираше законот за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца.

Отстранување на казината бараат сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, особено со благослов на мајките дека ‘ги спасувате нашите деца’, но и граѓанското општество.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци и ја одбра страната на обложувалниците и казината.

Уште пожалосно е образложението дека европското знаме било ‘злоупотребено’ за усвојување на законот и дека немал забелешки за содржината туку само за процедурата.

Обложувалниците и казината далеку од нашите училишта и деца!“, се вели во реакцијата на ДУИ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ