четврток, 12 декември 2024

ДУИ му порача на Мицкоски дека Албанците низ вековите израснале под закани од полицијата и државниот апарат

Премиерот ги злоупотребува државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата, реагира ДУИ, по денешната изјава на Мицкоски дека ексфунционери од оваа партија намерно создаваат етнички тензии поради сомнежите за големи криминални активности.

Објавено на

часот

Сподели

Од ДУИ велат се работи за техники на политички закани и прогон , користени во најмрачните периоди на комунизмот кои нема да успеат.

„Овие техники на политички закани и прогон, користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат. Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апарат, чија цел беше потиснување на политичкиот активизам. Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост. Сите аргументи укажуваат дека нашите загрижености за јазикот се реални и базирани на факти. Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата. Упатуваме апел до премиерот да ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика. Не можете да исплашите никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост“, се вели во реакцијата на ДИУ.

Партијата додава и дека нивната загриженост за албанскиот јазик е реална и базирана на факти, и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ