сабота, 27 јули 2024

ДУИ: Коридорите ќе се градат!

Објавено на

часот

Сподели

„Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што тој ја има големата поддршка од САД.

Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасно движење, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата, коридорите ќе се градат!

Историјата денеска ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ правилната кауза на развојот, како што ќе ги запамети и оние кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните.

Владата, чиј дел е Демократската унија за интеграција, како главен приоритет ја има реализацијата на коридорите и сите нејзини членови остануваат транспарентно отворени за јавноста во секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата“, соопшти ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ