среда, 18 декември 2024

ДУИ и понатаму го осудува предлог-законот за средно образование

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение за јавноста најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на предлог-законот за измени во средното образование, кој наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Северна Македонија.

Уште посрамно е однесувањето на коалицијата Вреди.
Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон.

Помеѓу стравот од гневот на народот, кој толку многу го понижија и стравот од нивните патрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани.

ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон.

Албанците не можат да прифатат одлуки кои ги заобиколуваат нив.

Решението мора да биде сеопфатно и праведно за сите“, се вели во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ