„Очекуваме од големите политички партии да го кажат својот став по однос на една изборна единица. Став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на една изборна единица е тоа дека не се мешаме во внатре коалициските комбинаторики на владејачките партии и конфликтите кои што постојат меѓу нив по однос на овој процес затоа што гледаме дека од една страна имаме лицемерие дека поддржуваат една изборна единица. А од друга страна, втора година имаме закочен процес на закон кој што е во процедура. Ние ги повикуваме ДУИ и нивниот подизведувач СДС да се произнесат по оваа прашање, затоа што играта на лош и добар полицаец продолжува од овие две политички партии. Имено, ако одреден временски период во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ им беше виновна затоа што немаа една изборна единица, а им е дел од коалициското ветување уште од 2017 година во рамки на владејачкото мнозинство, тие уште ги држат помалите политички партии во коалиција со оваа ветување“, рече Мицевски.
Став на ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ и подизведувачот СДС и за Изборниот законик ја играат играта на добар и лош полицаец, рече Мицевски
ТОП ВЕСТИ