сабота, 27 јули 2024

ДУИ: Го избравме првиот премиер Албанец, ќе го избереме и првиот претседател Албанец

Со актуелизирање на нашата програмска идеја за промена на концептот за избор на претседател на државата во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентеровo мнозинство која го отвора патот за избор и на првиот премиер Албанец, неочекувана беше реакцијата на најголемите партии на македонски политички блок против неа. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ беа и против првиот премиер Албанец, но тоа се случи, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Демократската унија за интеграција ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да рефлектираат и да се оградат од архаичните политики кои чинат десетици милиони евра, многу енергија во општеството, ја блокираат економијата неколку месеци додека резултатот од тоа е речиси нула.

„Ништо лошо не ѝ се случи на нашата земја од првиот премиер Албанец, од претседателот Албанец на Собранието, од првиот вицепремиер, од министрите Албанци за надворешни работи, за одбрана или за внатрешни работи, од сите оние Албанци кои досега ја водеа државата. Напротив. Направени се големи чекори напред, обезбедена е прозападната ориентација на земјата.

Нема да застанеме во целта за промена на Уставот, за избор на претседател на државата во Собранието и за усвојување на уставните амандмани од Договорот за добрососедство, за продолжување на нашиот европски пат.

Го избравме првиот премиер Албанец, ќе го избереме и првиот претседател Албанец“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ