„Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси и да прифати еднаквост во општеството и истовремено бараме ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради, „од поетските про-путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова“.
„ДУИ смета дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино евроамериканска постројување. Тоа ќе го докажат и на 24 април и на 8 мај.
Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат за д-р Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ.
Со ова ѝ помагаме на државата, граѓаните, но и на ВМРО и СДСМ затоа што изнајдовме начин за да се постигне се во едно.
Само со вакви концентрирани напори и поддршка за најсилната албанска партија, ќе ја постигнеме целта и да се оттргнеме од Русија и руското влијание што ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето општество кревко и мултиетничко, мулти-религиско и мултикултурно, со домино ефект низ целиот регион“, се вели во реакцијата на ДУИ.