„На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили ѝ дојде крајот откако како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги ставивме на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран.
Уште еднаш ги повикуваме политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните.
Република Северна Македонија има свое место во големото европско семејство.
Денеска ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување“, се вели во соопштението на ДУИ.