понеделник, 21 октомври 2024
Собрание

ДУИ чека Гаши сам да се повлече, Битиќи од СДСМ нема да гласа за интерпелацијата

Ќе дебатираме за интерпелацијата и ќе ги кажеме сите недоследности и забелешки за работењето на Гаши како претседател на Собранието, но од принципиелни причини нема да гласаме за негово разрешување, изјави Блерим Беџети од ДУИ пред почетокот на денешната собраниска седница. Фатмир Битиќи од СДСМ пред почетокот на седницата кажа дека има спротивен став од неговата партија.

Објавено на

часот

Сподели

Според Беџети, Гаши треба да им се извини на Албанците без разлика на нивната политичка провиниенција и да се повлече не само од претседател на Собранието, туку и од политичката сцена.

„По вчерашното интервју што кратко успеав да го следам, тој мислам дека треба да им се извини на Албанците без разлика на политичката провиниенција и не само од претседател на Собранието, туку треба да се повлече и од политичката сцена зашто такви гафови не се прават случајно. Изгледа вазалството оди до крајности и не сметаме дека е потребно веќе да дебатираме на таа тема“, нагласи Беџети.

На денешната собраниска седница прва точка на дневен ред треба да биде интерпелацијата на Гаши што ја поднесоа пратениците на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ