Од ДУИ велат дека однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа трансформација не е случајна. Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Анѓушев, има јасна цел, да обезбеди имунитет, во замена за власт што ќе го елиминира политичкото влијание на Албанците. Зарем не е токму ова причината зошто СДСМ не се спротивставува на засилувањето на елементите на ‘српскиот свет’ во Македонија? Зошто не реагира на политиките што имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците? Зошто нема никаква критика за прекршувањето на етничкиот баланс, исклучувањето на Албанците од институциите и уривањето на механизмите на претставување?“, прашува ДУИ.
Од партијата велат дека СДСМ веќе не е опозиција, туку тивок гарант на проект што им служи само на две групи, на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што сакаат да го вратат назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците.
„Но, СДСМ не може да избега од својата историска одговорност. Како партија што тврди дека е левичарска, мора да се врати на својот идеолошки идентитет и да ги брани принципите врз кои е изградена: граѓанска еднаквост, правична застапеност, еднакви можности и општествен напредок. Молкот и покорноста пред националистичките агенди не е патот на СДСМ – тоа е патот кон нејзината конечна пропаст. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани во тајните политички зделки. А ниту македонските граѓани што веруваат во еднаквост и правда не треба да го дозволат тоа. Оние што денес молчат пред овa опасно сценарио, утре ќе сносат одговорност за неговите последици“, велат од ДУИ.